Машката сениорска репрезентација утре го има првиот собир

Македонската машка сениорска репрезентација утре со почеток од 13:30 часот ќе го има првиот собир пред бараж дуелот со Чешка.

Во хотелот „Александар Палас“, новиот селектор на сениорската репрезентација, Лино Червар ќе ги започне подготовките за бараж натпреварите за СП против Чешка.

Бараж мечевите против Чешка ќе се одиграат на 11 јуни во Злин и реванш натпреварот на 15 јуни во Скопје.