Маурициус, Капе Верде, Макао, Мадагаскар…Вардар ќе го гледааат во повеќе од 110 земји!

На први и втори јуни вниманието на светската ракометна јавност ќе биде насочено кон завршниот турнир во Келн, одлучувачките натпревари ќе се играат во Ланксес арената.

Дуелите на најдобрите четири екипи меѓу кои е и Вардар ќе бидат пренесувани од 42 телевизии ширум светот, а вкупно во преку 110 земји. Гледачите во Македонија ќе можат да ги следат натпреварите преку каналите на Арена спорт.

Гледачите ќе можат да уживаат во ултра-ХД слика. Секој натпревар ќе биде работен со 24 камери. Најсовремената технологија со вградени чипови на дресовите на играчите и топката ќе овозможаи навивачите да имаат преглед на статистички податоци кои претходно беа недостапни.

Во првото полуфинале играат Веспрем и Келце, тој дуел на програмата е од 15:15 часот, а во второто Вардар се сретнува со Барселона од 18:00 часот.