Мат во два потега: Како Холандија дојде до победа во последната секунда? (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Холандија со две победи си обезбеди пласман во следната рунда од Европското првенство во Франција и успеа да сработи одличен натпревар против Шпанија откако дојде до триумф со 28:27.

И тука не би имало ништо спектакуларно доколку овој погодок не беше постигнат буквално во последна секунда после едно кратко додавање. Луис Абинг е хероината на Холанѓанките бидејќи неа и падна одговорната задача и таа го реализираше последниот удар кој беше за победа.

Холандија водеше во поголемиот дел од средбата, но и Шпанија имаше свои моменти. Сепак, во целиот меч најголемите возбудувања дојдоа во последните 60 секунди. Тие моменти можете да ги видите во видеото во продолжение бидејќи тогаш се реши сè за кое ракометарките на двете репрезентации се бореа.

https://www.facebook.com/ehfeuro/videos/934665946723722/