Матилде Ривас Тофт: Подобро е отколку на првиот меч

Екипата на Ларвик беше одличен противник на Вардар во текот на целата средба, но на крајот бодовите заслужено останаа во Скопје. Една од подобрите во второто полувреме, Матилде Ривас Тофт имаше свое видување на настаните.
„Одигравме добро во одбраната во првото полувреме, но во вториот дел ни смена енергија и не успеавме да ја повториме играта. За разлика од првиот меч кога загубивме со двоцифрена разлика, сега имаме само три негатива што е подобро. Се боревме се до крајот и не се предававме, но не можевме да се избориме за повеќе“, рече Ривас Тофт.