Мартин Цимер: Имаме брејк и меч топка, мораме да ја искористиме в среда

Екипата на Хановер во Битола си обезбеди два важни бода против тимот на Еурофарм Работник и на тој начин закажа пресметка со Нексе на која ќе бара победа за четврт-финале. Голманот Мартин Цимер денеска доби предност пред Словенецот Урбан Лесјак и одлично ја заврши својата задача.

„Презадоволен сум од овој резултат. Посебно сум благодарен на моите колеги кои одиграа фантастично во одбраната. Тие ми овозможија да имам одличен настап, а ми помогнаа многу да одработиме. Првиот натпревар против Еурофарм Работник беше навистина тежок на домашен терен и очекувавме проблеми во Битола. Со тениски речник направивме брејк и имаме меч топка, но мораме в среда да ја искористиме“, изјави Цимер на прес-конференцијата после натпреварот.

Тимот на Хановер в среда на домашен терен ќе се обиде со победа да го помине Нексе и да и се приклучи на Татабања во четврт-финалето од Купот на ЕХФ.