Мартин Поповски го има потегот на мечот во Прешов (ВИДЕО)

Десното крило на Вардар, Мартин Поповски на средбата против Татран Прешов имаше еден погодок, а тоа беше доволно на крајот од натпреварот да го има потегот на средбата.

Поповски реализираше после убава акција и асистенција од Кристопанс, па ја доби полесната задача да успее да го совлада голманот на противникот. Тој доби шанса во вториот дел од средбата и успеа да ја искористи и да покаже дека треба да му се верува и да добие поголема минутажа.

Тој беше еден од неколкуте играчи кои имаа 100 проценти реализација, а трите десни крила биеја без грешка. Чупиќ и Шишкарев имаа по 3 од 3, додека Поповски 1 од 1.

Сепак, голот на Поповски е избран за најдобриот на натпреварот.