Мартин Амброш се повлекува од Романија, ќе се посвети на клупските обврски

Тренерот од Шпанија, Мартин Амброш кој ја води женската репрезентација на Романија наскоро ќе ја напушти функцијата и ќе се посвети на работата во Ростов Дон.

Покрај тоа што тој има договор со Романија до Олимписките игри во Токио, тој, сепак, одлучил да работи на едно место и целата концентрација да ја насочи само кон тимот од Русија. Официјалната разделба на Мартин Амброш со репрезентацијата на Романија се очекува да биде по завршувањето на женскиот фајнал-фор, со оглед на тоа што Романија има обезбедено директен пласман на Мундијалот во Јапонија.

Негов заменик на клупата на Романија ќе биде Швеѓанецот, Томас Риде кој би требало да ја преземе репрезентацијата во паузата меѓу сезоните. Сè уште нема официјална потврда од Букурешт. Риде претходно има работено во Романија во сезоната 2015/16 кога на Светското првенство во 2015 година репрезентацијата го освои последниот медал од големите натпреварувања. Тогаш Романките се закитија со бронзен медал.