Марсениќ со расечена уста – неизвесен за гостувањето кај Плоцк

Пивотменот на Вардар, Мијајло Марсениќ е неизвесен за настап на првиот натпревар од лигата на шампионите против Висла Плоцк во Полска. Тој заработи повреда на устата во еден дуел од меч од Супер Купот на Македонија.

Веднаш беше пренесен во болница каде доби неколку конци на внатрешниот дле од устата. Сѐ уште нема инфомација дали Марсениќ ќе може до 17 септември да биде подготвен за патувањето во Полска.

Вардар го освои првиот Супер Куп на Македонија победувајќи го Еурофарм работник со 30-25.