Марсениќ и Циндриќ подготвени за „тепање“ со Висла (ФОТО)

На денешниот натпревар против Висла Плоцк за составот на Вардар конкурираат и двајцата повредени ракометари Мијајло Марсениќ и Лука Циндриќ.

Пикерот на Вардар доби повреда на мечот од Супер купот против Еурофарм Работник во вторникот, кога доби удар во пределот на усната. Доби четири конци, но тоа нема да биде пречка за денеска да настапи и тој ќе биде во конкуренција за да игра на средбата од 1. коло од Лигата на шампионите.

Што се однесува до Лука Циндриќ тој ги пропушти средбите од СЕХА-лигата, но денеска ќе биде во составот и ќе помогне на гостувањето кај тимот од Полска со што бековската линија ќе биде уште посилна.

Ова значи дека Раул Гонзалез ги има сите ракометари и денеска пред мечот ќе може да одлучи со кои играчи ќе игра против Висла Плоцк.