Марсениќ играч на мечот на втората контрола на Србија против Австрија

Пивотменот на Вардар, Мијајло Марсениќ имаше одличен настап за селекцијата на Србија во рамки на ЕХФ-неделата. Тој беше играч број 1 на вториот дуел на кој Србите дојдоа до реми од 38:38.

Ова беше средба на која Србите не успеаја да бидат подобри и да го повторат резултатот од првата средба кога победија со 34:32. Марсениќ беше стрелец на седум гола со кои беше и најефикасен на мечот.

Инаку, Србија беше во предност во поголемиот дел од средбата, а дури во последните моменти од мечот Билик успеа да израмни.

После лошите вести со повредите на Милиќ и Борозан ова е конечно убава вест за Вардар пред продолжението на сезоната во Лигата на шампионите.