Маркусен во унгарски Пик Сегед

Унгарскиот вицешампион Пик Сегед во своите редови го ангажираше репрезентативецот на Данска, Николај Маркусен. Големата надеж на Данска во Пик Сегед доаѓа од Скјерн, а претходно беше дел од Атлетико Мадрид и  АЛ Џаиш. Со селекцијата на Данска го освои златниот медал на европското ракометно првенство во Србија-2012 година како и сребрениот медал на светското ракометно првенство една година подоцна во Шпанија. Маркусен ќе настапува во продолжението во Лигата на шампионите , а договорот со Пик Сегед е до крајот на сезоната.

Фото: GUSTAU NACARINO