Марко Митревски сам ја победи Весна Акумулатори

Екипата на Риниа дочека нов триумф во плеј-аутот од Првата лига. Тимот од Чаир на свој терен беше поуспешен од Весна Акумулатори со 37:31 и им донесе радост на своите навивачи. Марко Митревски со 18 гола го предводеше својот тим кон триумфот.

Ова се два изедначени тимови на табелата, па оттаму убедливиот триумф на Риниа беше помалку спротивно од очекувањата. Домашниот терен и поддршката од трибините си го направија своето, а и Марко Митревски беше незапирлив.

Домашните рано се стекнаа со предност и на полувреме имаа 19:13. Со стартот на вториот дел, гостите помалку започнаа да ја топат негативата, но недоволно бидејќи Риниа одново се издигна и стигна до победа со која се изедначи на табелата со Весна Акумулатори како и Текстилец.

За одбележување се и 11 голови кои ги постигна Оливер Пешовски во редовите на гостинот од Пробиштип.