Марко Мамиќ го напушти Келце и се пресели во Бундес лигата

Хрватскиот репрезентативец Марко Мамиќ го напушти полскиот шампион Келце и од наредната сезона ќе го носи дресот на Лајпциг. Тој си оди од полскиот шампион две години пред истек на договорот, а главна причина за заминувањето е малата минутажа во напад.

Најчесто добиваше шанса во одбраната што не е во согласност со неговите желби. Мамиќ потпиша договор на три години со Лајпциг и се очекува да има поголема шанса за докажување во нападот.

„Го избрав Лајпциг затоа што сакам да играм во Бундес лигата, а тие се добро организиран клуб со големи амбиции. Предизвикот нема да биде лесен, но тоа е една од моите цели да се промовирам во европскиот ракомет“, рече 25-годишниот ракометар.

Мамиќ има одиграно 48 натпревари за Хрватска и постигнато 82 гола, а на Еврпоското првенство во Полска 2016 година го освои бронзениот медал.