Марко Копљар замена на Лазаров во Барселона?

Овие денови во фокусот на ракометните случувања е шпанското радио „Каталуња“.
Откако во интервју за оваа радио станица, Никола Карабатиќ откри дека најверојатно ќе замине од Барселона, а потоа се обелодени трансферот на Сипржак во каталонскиот клуб, најновата информација од Рамон Салмури, кој е дел од тимот на радио „Каталуња“ вели дека Марко Копљар веќе потпишал договор со шпанскиот првак и во наредните три години, Хрватот ќе му помага на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров на десната бековска позиција.
Каталонскиот клуб ќе има различен состав за наредната година, Барселона сега е во потрага по централен бек, а се поизвесно е дека ќе го добие и Данецот Микел Хансен како дел од трансферот на најдобриот ракометар на светот во францускиот гигант ПСЖ.