Маркоски и Орошази со гостинска победа над Мезоковешди

Македонскиот репрезентативен пикер Никола Маркоски и неговиот тим Орошази забележаа многу важна гостинска победа над составот на Мезоковешди со 29:28, во рамките на 9 коло од унгарскиот шампионат.

Маркоски на овој дуел беше стрелец на 3 голови, а Орошази со оваа победа полека се искачува во горниот дел на табелата. Следен противник на Маркоски и неговиот тим ќе биде екипата на Eгер Естерхажи.