Марковски: Неделниот натпревар со ЖРК Ѓорче ќе биде изедначен

Утре со почеток од 14:30, ракометарките на ЖРК Пелистер пред својата публика ја отвораат новата сезона во Супер лигата. Противник во првото коло на ЖРК Пелистер е составот на ЖРК Ѓорче, екипа со која минатата сезона Пелистер се бореше за 4-то место. За 24Ракомет свое видување за утрешниот натпревар како и за амбициите на Пелистер на европска и домашна сцена даде тренерот на екипата, Борче Марковски.

Оваа сезона ЖРК Пелистер има млад и нов состав.Од минатата сезона си заминаа неколку искусни ракометарки. Сметам дека неделниот натпревар со ЖРК Ѓорче ќе биде изедначен, но домашниот терен е предност и мислам дека ќе забележиме победа. Амбициите за оваа сезона се поврзани со пласман во наредното коло на Челинџ купот, првата пречка е Шкипоња од Косово, а во домашното првенство целта е горниот дел на табелата и повторно излез во Европа.

Натпреварот ЖРК Пелистер – ЖРК Ѓорче се игра утре со почеток од 14:30ч во спортската сала ,,Младост”. Влезот за сите љубители е слободен.