Марковиќ на клупата на Босна и Херцеговина и во наредните четири години

Актуелниот селектор на репрезентацијата на БиХ, Драган Марковиќ и во наредните четири години ќе биде предводник на популарните змаеви. Историскиот пласман на СП во Катар беше доволна причина првите луѓе на ракометниот сојуз на оваа земја да ја продолжат соработката со Марковиќ.
Марковиќ ја презема репрезентацијата на БиХ во 2011 година, а првиот предизвик по продолжувањето на соработката ќе го има на дуелот против Литванија кој е на програмата утре (30.4.2015,четврток) со почеток од 20 часот и 15 минути.