Марковиќ го соопшти списокот од 20 ракометари на Босна и Херцеговина кои патуваат во Катар

Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Драган Марковиќ го соопшти дефинитивниот список од 20 ракометари кои ќе отпатуваат во Катар,а бидејки БиХ своите подготовки ќе ги одработи во Катар, Марковиќ тамо ќе се одлучи за дефинитивниот список од 16 ракометари ќе ги бранат боите на Босна и Херцеговина на престојното СП.

Тројца ракометари отпаднаа од поширокиот список па така во Катар нема да патуваат голманот на Босна, Петар Јокановиќ, Ведран Делиќ и Игор Мандиќ.

Список на репрезентативци на Босна и Херцеговина кои патуваат во Катар:

1.Небојша Граховац
2.Бенџамин Буриќ
3.Пеџа Дејановиќ
4.Мирко Микиќ
5.Ален Овчина
6.Никола Прце
7.Душко Челица
8.Мирсад Терзиќ
9.Иван Милас
10.Коста Савиќ
11.Дејан Малиновиќ
12.Иван Карачиќ
13.Стефан Јанковиќ
14.Јосип Периќ
15.Мухамед Торомановиќ
16.Сењамин Буриќ
17.Владимир Врањеш
18.Елмир Граѓан
19.Фарук Вражалиќ
20.Мухамед Зулфиќ