Марија Јовановиќ една сезона во Иси Париз

Централниот бек на црногорската репрезентација и членка на руска Астраханочка,  Марија Јовановиќ во идната сезона ќе настапува во Франција за екипата Иси Париз. Иако се шпекулираше дека Јовановиќ ќе се врати во Будуќност, тоа не се оствари. Марија Јовановиќ потекнува од школата на Будуќност, а во нејзината ракометна кариера освен за црногорскиот тим и Астраханочка, беше дел од дрим тимот на Олчим Валчеа две сезони. Во 2004 година Марија Јовановиќ го носеше дресот на српската екипа Шабац. Најголеми успеси на Јовановиќ се златниот медал од ЕП и сребрениот медал на ОИ со селекцијата на Црна Гора.