Марија Штериова преминува во Фехервар

Македонската интернационалка Марија Штериова во продолжението од сезоната ќе настапува за Фехервар. Новиот клуб на Штериова е моментално на четвртото место во унгарската лига. За неa, Фехервар ќе биде втор унгарски клуб откако го напушти Вац, а челниците на Фехервар решија да го зголемат ростерот на левата бековска позиција. Во Фехервар има ракометарки од Србија, Хрватска и Јапонија додека Марија Штериова ќе биде македонскиот шарм во овој тим.