Марина Рајчиќ во Мец од наредната сезона

Репрезентативката на Црна Гора и членка на ЖРК Будуќност, Марина Рајчиќ од следната сезона ќе ги брани боите на францускиот шампион Мец. Моментално во Мец игра нејзината сестра, Оливера Вукчевиќ па така овој трансфер не е изненадувачки. За голманката на Црна Гора, францускиот шампион ќе биде втор клуб во нејзината ракометна кариера. Со екипата на ЖРК Будуќност ја освои титулата на Лигата на шампионите во 2012 година како и златниот медал од Европското ракометно првенство во Србија (2012). Колекцијата на медали е надополнета и со сребрениот медал од ОИ во Лондон (2012) како и златниот медал од КПК (2010).

Фото: handballme.me