Мандиќ за 24Ракомет ТВ: ПИК Сегед му лежи на Вардар, но шансите се 50-50 (ВИДЕО)

Вардар славеше со 32-30 над Загреб во вториот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите и обезбеди место во следната фаза. Хрватскиот тим во Скопје играше подобро во споредба со првата средба, но не успеа да забележи пирова победа.

Левото крило Давид Мандиќ смета дека унгарскиот првак ПИК Сегед му лежи на Вардар, но дека е тешко да се игра против нив.

„Многу е тешко да се игра против ПИК Сегед, особено во Сегед, но сметам дека шансите се еднакви за двете екипи“, вели Мандиќ за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава погледнете ја во продолжение…