Манасков стопроцентен во пораз на Вецлар

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој од неодамна ги брани боите на Вецлар денес постигна два погодока во поразот на неговиот тим од Лубек.
Неговиот клуб се враќа поразен од гостувањето со резултат 27-26. По првото полувреме домашниот тим имаше предност од четири погодоци, а Манасков своите два погодока ги постигна во вториот дел од натпреварот. Најпрецизен во тимот на Вецлар беше Себастијан Вебер со 6 погодоци, додека кај домашните Габор Лангханс постигна седум.
Вецлар е на делба на десетата позиција во Бундес лигата.