Манасков со деби за Веспрем, ќе се бори за титула на „Шпаркасе Куп“

По авантурата во Рајн Некар, македонскиот репрезентативец Дејан Манасков потпиша за унгарскиот првак Веспрем. Тој веќе ги имаше и првите настапи за Веспрем на турнирот „Шпаркасе Куп“ во Германија, против Загреб и Гепинген.

На првиот дуел Веспрем не успеа да слави против Загреб и одигра само 28:28, а Манасков имаше 1 неуспешен обид за погодок, додека на вториот натпревар од групата против Гепинген, кој Унгарците го добија со 35:33, левото крило беше многу подобро и постигна 3 голови од 4 обиди.

Веспрем го освои првото место во групата А и ќе разигрува за титулата против Нант каде игра Кире Лазаров, што значи дека ќе гледаме македонски дуел во финалето.