Манасков прв напаѓа во Лигата на шампионите

Со натпреварите кои денеска ќе бидат одиграни во Германија и во Франција стартуваат елиминациските дуели во Лигата на шампионите. Дејан Манасков со тимот на Веспрем гостува кај Флензбург и тој е првиот македонски интернационалец кој има шанса да дојде до добар резултат денеска за потоа во првиот викенд од мај да се бори за место на Ф4 турнирот во Келн.

Денеска на терен ќе биде и Кирил Лазаров, а капитенот на репрезентацијата на Македонија е домаќин на екипата на Барселона и против својот поранешен тим ќе се обиде да избори добар резултат за да може да се бори за пласман на завршницата. Ќе биде тешко, но во Франција може да се очекува добар натпревар и позитивен резултат.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 1/4-ФИНАЛЕ

ПРВИ НАТПРЕВАРИ

СРЕДА, 24 АПРИЛ

19:00ч

ФЛЕНЗБУРГ – ВЕСПРЕМ

20:45ч

НАНТ – БАРСЕЛОНА

ЧЕТВРТОК, 25 АПРИЛ

20:00ч

ВАРДАР – ПИК СЕГЕД

САБОТА, 27 АПРИЛ

18:00ч

КЕЛЦЕ – ПСЖ

РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ

САБОТА, 4 МАЈ

17:30ч

ВЕСПРЕМ – ФЛЕНЗБУРГ

19:30ч

БАРСЕЛОНА – НАНТ

НЕДЕЛА, 5 МАЈ

17:00ч

ПСЖ – КЕЛЦЕ

19:00ч

ПИК СЕГЕД – ВАРДАР.