Покажа зошто е класа – Манасков со атрактивен потег ја запечати судбината на Спортинг (ВИДЕО)

Тимот на Веспрем со сигурна победа од 35-29 во реванш средбата против Спортинг Лисабон успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Еден од најдобрите играчи во домашниот тим беше нашиот репрезентативец Дејан Манасков, кој успеа да постигне четири голови.

Еден од нив сигурно ќе се најде во ТОП 5 изборот по завршувањето на сите осминафинални средби. Во првиот дел со атрактивен потег, односно со шрауба го совлада гостинскиот голман Аљоша Чудиќ.

Погледнете го ремек делото на Манасков….