Манасков подобар во дуелот со Миркуловски

Екипата на Рајн Некар Левен за која настапува Дејан Манасков издвојува победа над екипата на Вецлар за која настапува Филип Миркуловски (24-20) во рамките на десеттото коло од Бундеслигата.

Ракометарите на Вецлар добро го отворија натпреварот и до средината на првото полувреме имаа минимална предност, но домаќините ја презедоа иницијативата и го свртеа резултатот во своја полза (13-10) на крајот од првиот дел. Ракометарите на Рајн Некар не ја испуштаа предноста ни во вториот дел од натпреварот за конечни (24-20).

Дејан Манасков беше стрелец на два погодоци за екипата на Рајн Некар, а Филип Миркуловски кај Вецлар не успеа да се запише во листата на стрелците.