Манасков повторно одличен во својот втор меч за „лавовите“

Германскиот ракометен првак, составот на Рајн Некер Ловен вчера го одигра и вториот контролен меч пред стартот на сезоната. Повторно со убедлива победа заврши вториот тест овојпат против Банбершеид од Монтабаур со резултат од 45-21 (21-6).

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој летово од Вардар се пресели во Рајн Некер Ловен одлично се вклопи во играта на будеслигашот и по 12-те голови постигнати во својот деби настап, вчера беше стрелец на пет. Манасков беше единствената вистинска опција за тренерот Јакобсон кој не можеше да смета на услугите на искусниот исланѓанец Сигурдсон (проблеми со задната ложа на ногата). Најефикасен во таборот на актуелните шампиони беше Стеинхаусер со дури 15 погодоци.

Традиционално за германските екипи, Рајн Некер Ловен пред новата сезона ќе учестува на неколку локални турнири.