Манасков повторно на дербито Вардар – Металург (ФОТО)

Левото крило на македонската ракометна репрезентација, Дејан Манасков денеска беше присутен во салата Јане Сандански каде што го следеше дерби натпреварот помеѓу Вардар и Металург кој што вардарци го добија со резултат од 26-18.

FLP_5818-2

Манасков во моментов настапува за екипата на Вецлар во германската Бундеслига, и прикажува одлични натпревари во едно од најсилните првенства во светот.

Поранешниот играч на Металург по завршувањето на сезоната во Германија, ќе се приклучи на екипата на Вардар во подготовките за новите предизвици.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ