Манасков: Ние ја завршивме работата, ги чекам вардарци во финале

Натпреварот меѓу Веспрем и Келце мина без Дејан Манасков, кој сите 60 минути ги преседе на клупата. Не беше во можност да им помогне на колегите, но вели дека ќе биде подготвен за да игра утре во финалето.

„Немав тренирано цела недала. Вчера го направив првиот тренинг и затоа денеска останав на клупата. Меѓутоа максимално сум подготвен и се надевам дека утре ќе добијам шанса во финалето. Не знам колку време, но тука сум за да помогнам. Ногата е добра и важно е дека сум подготвен. Пола од мојата желба се оствари. Сега е ред уште на Вардар. Кој и да ни биде утре противник, нема да ни биде лесно. Реков дека сакам да победи Вардар и стојам зад тоа, ако може барем еден Македонец на крај да ја освои Лигата на шампионите“, изјави Манасков после обезбедувањето на финалето.

Во однос на натпреварот тој смета дека малку ги пореметила повредата на Штербик во првото полувреме, но во вториот дел Ненадиќ беше тој што доминираше на теренот.

„Беше доста тешко. Добро го отворивме натпреварот и имавме врзани грешки. Келце се врати и поведе со два разлика во првото полувреме. Имавме кризни моменти и тогаш Келце не казни. Веројатно и повредата на Штербик не раздрма малку. Тој беше одличен додека беше на терен. Во второто полувреме Петар Ненадиќ“, заврши Манасков.

Финалето утре се игра од 18 часот.