Манасков: Нема што да криеме против Веспрем! (ВИДЕО)

Беше еден од најзаслужните во победата против ППД Загреб, неговата рака не затрепери ниту кога се кршеше резултатот, а реализацијата од линијата за седум метри беше бепрекорна. Дејан Манасков комплетно го надомести лошиот ден на македонските крила, а за следниот противник, екипата на Веспрем истакна дека пред наредните три меча против унгарскиот шампион нема што да се сокрие. Двата тима во последните неколку години одиграле голем број натпревари, а македонскиот првак ќе се обиде да го поправи меѓусебниот скор со Веспрем веќе во финалето на СЕХА регионалната лига. Целата изјава погледнете ја на видеото подолу.