Манасков нема да игра против Турција и Грција!

Машката репрезетација на Македонија ќе мора без левото крило Дејан Манасков да го брка првото место во квалификациската група за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Селекторот Данило Брестовац ја потврди оваа информација во изјава за Радио Канал 77.

„Дејан Манасков отпадна од комбинација за Турција и Грција поради повреда“, кажа Брестовац.

Членот на Веспрем со повреда на мускулот беше и на завршниот турнир во Келн, па затоа играше само едно полувреме од финалниот натпревар меѓу Вардар и унгарскиот тим.

Други опции за Брестовац на лево крило се Димитар Димитриоски и Бојан Маџовски, па ќе видиме кој ќе добие шанса за настап.