Манасков најефикасен за нов триумф на Вецлар!

Македонското репрезентативно лево крило и член на бундеслигашот Вецлар, Дејан Манасков беше најзаслужен за најновата победа на Вецлар против Ерланген од 28-26. Манасков одигра уште еден фанстастичен меч, и со седум погодоци беше најпрецизен на натпреварот. Покрај седумте погодоци, Манасков имаше и две асистенции до своите соиграчи. По оваа победа екипата на Вецлар има 27 бодови и се наоѓа на десетата позиција на табелата во Бундеслигата.