Манасков и Веспрем си поигруваат со противниците во Унгарија

Веспрем има две победи во Лигата на шампионите, а бидејќи сезонава не игра во СЕХА Лигата, мораше да им се врати на обврските во домашниот шампионат. По трите лесни победи, следуваше и четврта на тимот Љубо Врањеш, овојпат над Ваци со 18:36.

Манасков играше во вториот дел на местото на Угалде кој беше во игра во првото полувреме и успеа да постигне 1 гол, а имаше и 1 исклучување. Најдобри стрелци беа Џамали, Маргуч и Лигетвари со по 5 голови. Следен предизвик за Веспрем ќе биде гоствувањето кај Брест Мешков.