Манасков и Веспрем си обезбедија финале

Победата од 38:16 против тимот на Дабас беше и повеќе од доволна за составот на Веспрем да се најде во финалето на Купот на Романија каде што ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Пик Сегед и Балатонфуреди.

Манасков и колегите беа убедливи на овој дуел, а немаа никакви проблеми за победата. Уште во првиот дел направија предност од 16:6, па во продолжението од средбата само беше зголемено водството за конечни 38:16.

На оваа средба репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков беше меѓу поефикасните со четири погодоци.