Манасков најдобар на теренот, Веспрем се мачеше едно полувреме против Ѓенѓеш

Тимот на Веспрем вторпат оваа сезона врзаа четири меча без пораз. По двете победи над Кристијанштад и Рајн Некар Левен во Лигата на шампионите, како и по триумфот над Комло, Веспрем славеше и на гостински терен кај Ѓенѓеш со….

Избраниците на Давид Дејвис се мачеа во првото полувреме, домаќините го диктираа темпото и постојано беа во водство, еднаш и со +3, 16-13, но до паузата Тонесен и Џамали ја намалија предноста и на одмор се отиде со 16-15.

Во второто полувреме, домашните водеа до 18-17, но потоа се случи клучниот момент на натпреварот. Веспрем направи серија од пет голови, која тргна и заврши преку Дејан Манасков за 18-22 и веќе немаше назад за Ѓенѓеш.

До крајот рутински беше довршена задачата за конечна победа со 23-34. Македонскиот репрезентативец беше прв стрелец со шест голови на овој натпревар. Следна обврска за Веспрем ќе биде домашниот натпревар од Лигата на шампионите против Монпелје.