Манасков: Жал ми е за тоа што му се случува на Металург!

Дејан Манасков по пристигнувањето во Вецлар веднаш го привлече вниманието на германската ракометна јавност. Ракометните медиуми се интересираат за левото крило од Македонија, а Манасков го даде и првото интервју за познатиот handball-world. Едно од прашањата беше и за тоа каква е актуелната ситуација во сега веќе поранешниот клуб на Манасков, РК Металург, на што репрезентативното крило одговори:

Сите играчи од првиот тим освен голманот и останатото лево крило, го напуштија клубот. Немавме примено плата пет месеци и не постоеше друга опција освен да заминеме. Во овој момент клубот се потпира на играчите од втората екипа меѓу кои е и мојот брат.

На прашањето колку време има настапувано во Металург, Манасков вели:

Дојдов во Металург на свои 15 години, што значи седум години настапував за Металург. Имам многу пријатели во Скопје, тоа е мојот дом. Станав член на репрезентацијата, а последните четири години настапував во Лигата на шампионите. Последните пет месеци не беа воопшто лесни и сеуште сум тажен за тоа што му се случи на Металург.

фото: wib