Манасков “експлодира” со 9 погодоци: И покрај фантастичната партија на Македонецот, Вецлар доживеа пораз од Меслунген

Екипата на Вецлар во која настапува нашето репрезентативно крило Дејан Манасков не успеа да врзе две победи на домашен терен. По високата победа над Хамбург минатото коло, Вецлар вечерва доживеа пораз од екипата на Меслунген со резултат 29-31 (14-14).
Дејан Манасков одигра фантастична партија за својот нов клуб која успеа да ја зачини со дури девет погодоци во противничката мрежа, но и тоа беше недоволно за Вецлар да стигне до победата на овој натпревар. Резултатот беше изедначен во поголемиот дел натпреварот, а гостите во последните минути со серијата од 3-1 го решија натпреварот во своја корист за конечни 29-31 во корист на Меслунген.