Манасков доби нов соиграч: Веспрем го промовираше африканското засилување

Веспрем постигна две годишен договор со египетскиот тим Замалек кој ќе го отстапи на позајмица својот 21-годишен играч, Омар Јахиа. Тој беше презентиран во дресот на Веспрем и ќе се приклучи на подготовките за наредната сезона.

Во Веспрем, Јахиа повторно ќе има соработка со добро познатиот тренер Давид Дејвис. Дејвис ја предводеше репрезентациајта на Египет на последното Светско првенство и оствари одличен резултат. Очигледно Дејвис е задоволен од квалитетот на Јахиа и има план како да го вклопи во својот тим.

Јахиа досега настапуваше во домашното првенство за екипата на Замалек, а беше забележан од унгарскиот великан Веспрем на Светското првенство во Германија и Данска. Тој на девет натпревари постигна 30 гола и даде голем придонес во изнанадувачкиот пласман на Египет на осмото место на првенството.