Манасков беспрекорен во победата на Веспрем против Кил

Левото крило на македонската репрезентација и член на Вепрем, Дејан Манасков имаше свој ден на дуелот против Кил. Во меч во кој гостите имаа три гола позитива на полувреме, Манасков беше играчот кој го врати својот тим на победничката патека и му помогна да се избори за три бода.

Четирите гола коишто ги постигна на почетокот на второто полувреме го вратија Веспрем во трка за бодовите, а со Манасков, Веспрем доби многу во нападот така што после 12:15 на полувреме работите се сменија, па домашните тргнаа кон победа.

Мечот заврши со резултат 26:24, а Унгарците останаа единствениот тим со четири од четири во групата 2 од Лигата на шампионите.