Малку му беше во Летонија и Хрватска: Кристопанс продолжи на одмор во Грција (ФОТО)

Десниот бек на Вардар, Даинис Кристопанс се уште е на заслужен одмор по завршувањето на минатата сезона, кога „црвено-црниот“ тим ја освои титулата во Лигата на шампионите.

По краткиот одмор во родната Летонија и во Словачка од каде што е неговата девојка, тој беше заедно со вардарци на мини одмор на хрватските острови.

Сепак, Кристопанс по престојот во Хрватска, реши да продолжи со одморот, во нашиот јужен сосед. Но и таму ќе биде кратко, со оглед на тоа што подготовките на Вардар стартуваат на 24 јули.