Малите клубови во Данска почнаа да наликуваат на големи: Граволт во Нукобинг

Пикерот на данската репрезентација и членка на Виборг, Мете Граволд од идната сезона ќе настапува за Нукобинг. Граволд заедно со Кристина Кристијансен беа поврзувани со ЖРК Вардар но од сето тоа не излезе ништо. И двете ракометарки се решија кариерата да ја продолжат во Нукобинг. Изминатиов период помалите ракометни клубови во Данска се повеќе ангажираат врвни ракометарки од помоќните клубови во земјата. По се изгледа дека следната сезона за шампионското место во Данска ќе се борат повеќе “анонимни” клубови, додека Нукобинг оваа сезона ќе се бори за опстанок во лигата.

Фото: Петер Ларсен (Peter Larsen – pl-photo.dk)