Макс Струмица постигна само 13 голови против Загреб

Ракометарите на Макс Струмица на гостувањето во Загреб во рамките од петтото коло од Сеха лигата беа декласирани од ППД Загреб со 29 разлика, 42:13 (19:6).
Од 21-та минута па се до 43-та минута ракометарите на Струмица не постигнаа гол, а на спротивната страна ракометарите на Веселин Вујовиќ ја полнеа мрежата на Струмичани.Единствен расположен во македонскиот тим беше Ален Куленовиќ со седум погодоци, додека кај Загреб најефикасни беа Лука Шебетиќ и Антонио Ковачевиќ со шест погодоци. Голманите на Струмица имаа вкупно осум одбрани, додека голманот на Загреб, Иван Стефановиќ имаше 21 интервенција.

Струмица на 23.09.2015 на свој терен го пречекува Борац во шестиот СЕХА натпревар. На овој дуел Струмичани ќе ја бараат првата победа во регионалното натпреварување.