Максимален старт во ЛШ: Вардарки и уште три екипи покажаа сила

После 2. коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција четири екипи ја најавија кандидатурата за напад на Фајнл-фор турнирот. Од нив три играа и лани на завршниот турнир во Унгарија, а само Мец е ново име.

Составите на ЧСМ Букурешт, Ѓер и Вардар и сезонава играат одлично и имаат максимални четири бода. Исто така и Мец така што овие тимови тргнаа одлично, па останува да се види дали и после 3. коло ќе успеат да бидат со максимален број на поени.