Македонско дерби во Унгарија: Маркоски го исфрли Петровски од Купот

Откако минатиот викенд во првенството тимот на Орошази загуби на домашен терен од Дабас со 23:26, сега во Купот на Унгарија дојде до реванш. Никола Маркоски со Орошази гостуваше кај Михајло Петровски и се избори за минимални 27:26 кои беа доволни за пласман понатаму.

На оваа средба, Маркоски имаше одличен ден и игра. Тој беше меѓу најефикасните со пет погодоци така што имаше одличен придонес во победата на Орошази и пласманот понатаму во Купот на Унгарија.

Што се однесува до Петровски, тој постигна еден гол на оваа средба.

Фото: OrosCafé.hu