Македонско дерби во Луксембург: Темелков ги совлада Брестовац и Георгиевски

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Владимир Темелков со својот тим, Карјенг се избори за победа од 27:22 против Диферданж. Како што е познато тоа е клубот на селекторот на кадетската и јуниорската селекција на Македонија, Данило Брестовац и на Дарко Георгиевски.

Македонските интернационалци имаа солидно претставување. Темелков успеа да реализира четири гола, а имаше и еден обид од линијата од седум метри, но не беше успешен. Георгиевски погоди трипати во голот на домашните.

Ова е втор пораз во серија за тимот на Диферданж, кој викендот загуби на домашен терен од Дуделанж, додека тимот на Темелков после три порази се врати на победите.