Македонското трио без голови: Галаци загуби од Бистрица

Елена Ливриниќ, Дајана Јовановска и Андреа Белеска немаа голови на мечот против ЧСМ Бистрица, кој нивниот тим Данубиус Галаци го загуби на домашен терен со 23:25.

Гостинките имаа далеку подобро прво полувреме. Успеаја да се изборат за голема предност и на одмор заминаа со резултат 9:14. После ова не им беше воопшто проблем да ја зачуваат позитивата и до крајот да се изборат за триумф од 23:25.

Ова е петти загубен меч сезонава за Галаци, а со девет бода тимот се наоѓа на 10. позиција.