Македонското СЕХА дерби Металург – Вардар на 2 септември од 17,45 ч.

Новата сезона за македонските клубови во СЕХА Газпром лигата почнува на 2 септември со дербито Металург – Вардар. Средбата е закажана за 17,45 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Годинава новина во СЕХА лигата е што секое коло ќе се игра истовремено, и нема да има одлагање натпревари со прескокнување на планираните кола. Првото коло ќе се игра од 30 август до 2 септември.

Причината за терминот 2 септември е бидејжи Вардар треба да настапи на Супер Глоуб во Катар од 25 до 28 август. Потоа се враќа дома, и да има неколку дена за одмор.

Во првото коло се среќаваат сите екипи меѓусебе што се од иста држава. Покрај дуелот Металург – Вардар, како дерби средба истовремено е и Горење – Целје.

1 коло
30 август
Татран – Мешков (17,30 ч)
Војводина – Динамо (19)
Горење – Целје (20,30)

31 август
ППД Загреб – Нексе (20,30)

2 септември
Металург – Вардар (17,45)