„Македонски“ дуел во Турција: Бешикташ подобар од Јозгат, Прибак и Талевски „одиграа“ реми

Турскиот првак Бешикташ, каде игра Немања Прибак, славеше над составот на Јозгат Бозокспор, каде игра Јован Талевски, со 38:27, во натпревар од редовното 6 коло во рамките на турскиот шампионат.

Со оглед на тоа што Бешикташ го чека дуел од Лигата на шампионите, а Јозгат знаеше дека нема што да бара на гостувањето кај првакот, македонските интернационалци имаа мала минутажа и постигнаа по 2 гола.

Во следното коло Бешикташ му гостува на Загносспор, а Јозгат ќе го пречека Гозтепе.

Фото: facebook.com/BJKHentbol