Македонски дуел во Купот на ЕХФ: Митревски и Бенфика подобри од Каерјнег и Темелков

Португалскиот вицепрвак Бенфика, каде настапува македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, обезбеди победа со 31:26 над Каерјенг од Луксембруг, каде игра десното крило Влатко Темелков, во македонскиот дуел од второто квалификациско коло на Купот на ЕХФ.

Митревски беше на голот на домашниот тим, додека Темелков постигна 3 голови на овој меч, а заработи и едно исклучување од две минути. Реванш мечот од овој дуел се игра следниот викенд на теренот во Башараж.